Трагедија во Турција: Најмалку 10 пожарникари и спасувачи загинаа во борбата со огнот

Најмалку десет пожарникари и спасувачи ги загубија животите, а уште 14 лица – припадници на итните служби и шумски работници – се повредени додека се обидувале да го изгаснат силниот пожар што беснее во централната турска провинција Ескишехир. Ова денеска го соопшти турскиот министер за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумаклı.

Пожарот избувнал рано наутро во областа Сеитгази, а според министерот, сè уште се активни седум пожари во пет провинции низ централна и западна Турција.

И Кипар се бори со огнен пекол: евакуирани четири села

Паралелно, и на Кипар пожарникарите се соочуваат со огромен шумски пожар северно од Лимасол, при што се евакуирани најмалку четири села. Силни ветрови и екстремно високи температури ја отежнуваат интервенцијата, а пожарот веќе предизвикал значителна материјална штета на куќи во регионот познат по виноградите.

Кипар побара помош од Европската унија, а поддршка најави и Јордан. Температурите денес достигнаа 43°C, а се очекува утре да се искачат до 44°C – највисоки оваа година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни