Традиционален концерт на Вокално инструменталниот состав – Билјана во предворјето на црквата Богородица Перивлепта во Охрид

Специјален гостин на концертот е Вера Милошевска Јосифовска- Љубојна

Традиционалниот годишен концерт на Вокално инструменталниот состав – Билјана, оваа година за прв пат ќе ќе се одржи во предворјето на црквата Богородица Перивлепта во Охрид на 06.09.2024 година со почеток во 20:00 часот.

,,Ова година по дванаесетти пат ќе уживаме заедно во звуците на староградската песна. Наш годинешен гостин е почитуваната Вера Милошевска Јосифовска- Љубојна” велат организаторите.

Билетите за овој настан се во ограничен број, по цена од 300 денари и можат да се резервираат на телефонскиот број 076/212-680 и да ср подигнат на самиот влез еден час пред почетокот на концертот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни