Трајковска: Протестот помина, а Партизанска се врати во нормала – се вози со 100 на саат

„Протестот заврши оставајќи зад себе куп цвеќе и запалени свеќи, а Партизанска се врати во нормала. Само што помина некоја будала  со над 100 на саат, а по него моториште со јако мажиште и неговата трофеј женска, секако без кациги и со непрописна брзина и јачина на звук“ напиша директорката на Институтот за комуникациски студии, Жанета Трајковски на нејзиниот профил на Фејсбук.

Таа истакна дека додека МВР ги пренесува Фејсбук статусите на министерот Панче Трошковски, сообраќајот повторно се враќа во хаос.

„Епа министре не е само до ФБ статутите и јавно изразената емпатија и сочувство. Извадете ги сообраќајците на улица- барем на главните улици низ градов. Колку деца треба да изгубиме додека почне да фунционира сејфсити?!“ прашува Трајковска.

Таа вели дека на Партизанска моторџиите си ги пробуваат моторите колку се јаки и брзи, баш на кобниот потег, каде што беше прегазена младата Фросина.

„Златен збор не отвора никакви врати овој пат, само онаа од пеколот е ширум отворена….одамна во Скопје“ заклучува Трајковска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни