Тошковски: Во пожарот настрада 51 лице, стотина се повредени

Искри од пиротехника кој се употребувале за светлосен ефект се причина за трагедијата во Кочани, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Министерот Тошковски ја информираше јавноста дека во пожарот во Кочани досега животот го изгубиле 51 лице, и дека има стоитна повредени.

Искри од пиротехника кој се употребувале за светлосен ефект се причина за трагедијата во Кочани, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој официјално потврди дека до сега има 51 загинато лице и над 100 повредени.


Според информациите на СДК, 18 лица се на лекување на Клиниката за пластична хирургија во Скопје, осум се на Клиниката за анестезија КАРИЛ, 4 се на Детска интензивна нега, 2 се на Клиниката за неврохирургија и едно лице е на Клиниката за неврохирургија. 18 лица се лекуваат во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје.

Повредените се префрлени во болниците во Кочани и Штип. На Клиника за хируршки болести „Наум Охридски“ во Скопје досега има донесено 27 повредени и сите се во тек на обработка, изјави директорот д-р Небојша Настов за СДК.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни