Своето животно искуство го нарекува „авантура на животот“, но признава и дека се чувствува како последните десет години да ги поминал „во кома“.
Тор Педерсен отсекогаш имал страст за патувања и предизвици. Идејата за оваа необична мисија потекнува од е-пошта што му ја испратил неговиот татко.
Тој му испратил линк до статија за луѓе кои патувале во секоја земја во светот – но никој од нив не го направил тоа без летање.
Педерсен си постави цел: да ги посети сите 203 земји, без ниту еден лет и со буџет од само 20 евра дневно.
Своето патување го започнал на 10 октомври 2013 година во 10 часот, оставајќи ја родната Данска – и неговата тогашна девојка Ле (40).
Во тој момент верувал дека патувањето ќе трае четири години. Наместо тоа, биле потребни девет години, девет месеци и 16 дена.
Тој ја заврши својата мисија во мај 2023 година, а се врати во Копенхаген два месеци подоцна – во јули истата година.
„Имаше моменти кога не знаев дали некогаш ќе завршам. Се чувствував како да сум заробен во временска капсула. Се се менуваше и постојано бев во движење“, изјави Педерсен.
Неговото патување вклучувало возови, автобуси, бродови, камиони, па дури и пешачење – низ џунгли, пустини, планини и градови.
Попатно се соочил со болести, бирократија, осаменост, но и неизмерна човечка добрина и солидарност.
Денес, од својот дом во Данска, тој вели дека дури сега полека ги сфаќа размерите на тоа што го направил.
„Сè уште се навикнувам на идејата дека повеќе не морам да одам никаде. Дека можам да останам дома. И дека, и покрај се, преживеав“, вели со насмевка.