Париз – Топол бран „историски интензитет“ го погодил Франција, особено југозападниот и централно-источниот дел од земјата.
Метео-Франс издаде црвено предупредување за топол бран во 14 департмани, со прогноза дека денеска топлината ќе се зајакне во регионот Оверњ-Рона-Алпи, пишува весникот „Ле Фигаро“.
„Исклучителен топол бран продолжува и се шири: црвената алармна состојба ќе остане во сила на југозападот до среда, а денеска ќе стигне до Рона, Изер, Дром и Ардеш“, најави метеоролошката агенција „Ла Шен“, која истакна дека станува збор за „голем топол бран со историски интензитет“.
Во департманот Нова Аквитанија вчера беа соборени температурни рекорди – во Бержерак измерени се 42,1 степен, а во Бордо 41,6 степени Целзиусови, пренесува Танјуг.