Топлотните бранови можат да убијат 50 отсто повеќе луѓе во наредните децении

До крајот на векот опасните температури  во Европа би можеле да убијат 50 отсто повеќе луѓе, покажа истражувањето, направено од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина

Научниците проценуваат дека дури и во најоптимистичкото сценарио за намалување на загадувањето, дополнителни 8.000 луѓе би умреле годишно поради „потоптимални температури“. Во најтоплото можно сценарио, зголемувањето на смртните случаи поврзани со топлина би изнесувало 80.000 годишно.

Наодите го оспоруваат тврдењето на оние кои веруваат дека глобалното затоплување би му користело на општеството затоа што во тој случај помалку луѓе би умреле од ладно.

„Сакавме да ја тестираме оваа хипотеза дека поради климатските перомени поврзани со температурите ќе има зголемување на смртните случаи “, рече хлавниот автор на студијата, статистичарот, Пјер Масело, статистичар од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.

Високи температури и стапка на смртност

Студијата се надоврзува на претходните истражувања во кои научниците ја поврзаа температурата со стапката на смртност во различни возрасни групи во 854 градови низ Европа.

Тие ги комбинираа податоците со три климатски сценарија кои предвидуваат можни промени во структурата на населението и температурата до крајот на векот.

Во сите три сценарија, истражувачите открија дека непријатните температури ќе убијат повеќе луѓе отколку денес. Научниците предупредија дека неизвесностите во податоците се големи.

Каде се очекува најголем пораст на смртните случаи поврзани со топлина?

Најмногу смртни случаи се очекува во топлите краеви на јужна Европа, особено околу Медитеранот, додека втората кризна област е во централна Европа, вклучувајќи ги Швајцарија, Австрија и делови од јужна Германија и Полска. Од друга страна, благ пад на смртноста се очекува во замјите од северна Европа, каде што е постудено.

Зголемената топлина е една од последиците на климатските промени.

„На пример, во Норвешка може да се очекува многу мал позитивен ефект, кој ќа биде многу блед во споредба со огромниот пораст на смртноста во јужните земји“, рече Маселот.

Топлината и студот се тивки убијци кои го оштетуваат телото пред да стигнат до крајности кои предизвикуваат хипотермија или топлотен удар.

Смртните случаи се зголемуваат за време на топлотните бранови, особено кај постарите и болните, бидејќи високите температури го напрегаат нивното тело и ги спречуваат да се одморат. Настинката, пак, го зголемува крвниот притисок и придонесува за разни проблеми со срцето и белите дробови.

„Грубо кажано, зголемената топлина ќе убие повеќе луѓе отколку намалувањето на студеното време“, рече Тим Озборн, климатолог од Универзитетот во Источна Англија, кој не беше вклучен во истражувањето.

„Иако оваа студија не е убедлива за ова прашање, таа претставува значителен напредок бидејќи ја анализира ранливоста на луѓето на екстремни температури по возраст и град со многу поголема прецизност од претходното истражување“, додаде тој.

Анализата е ограничена само на европските градови и не ги опфати руралните региони, кои се помалку погодени од ефектот на урбаните топли острови, ниту другите делови од светот, каде високите температури се уште посериозен проблем.

Севкупно, тие процениле дека во сценарио за високо затоплување, дополнителни 2,3 милиони луѓе ќе умрат од високите температури во Европа помеѓу 2015 и 2099 година.

Топлината не е единствениот проблем

Експертката за клима и здравје во Фондацијата за истражување Велком, Медлин Томсон рече дека високите температури нема да влијаат само смртноста.

„Екстремната топлина не само што убива, туку предизвикува и широк спектар на сериозни здравствени проблеми. Тоа е поврзано со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, спонтани абортуси и лошо ментално здравје“, рече таа.

Оние кои не веруваат во климатските промени тврдат дека намалувањето на загадувањето не е неопходно бидејќи глобалното затоплување може да спаси животи, имајќи предвид дека студот убива повеќе луѓе отколку топлината.

Сепак, научниците истакнуваат дека бројот на смртни случаи поврзани со топлина ќе се зголеми многу побрзо отколку што ќе се намали смртноста од студ.

Но, студијата ги истражуваше и начините на кои би можеле да се спасат животи доколку луѓето се прилагодат на температурните промени и ја намалат нивната изложеност на неповолни временски услови.

Според студијата, само „неверојатно силно“ ниво на адаптација би можело да го запре трендот на зголемена смртност.

Намалувањето на емисиите на јаглерод и намалувањето на изложеноста на температури, бројот на смртни случаи ќе го намали дури за 50 проценти..

„Добрата вест е дека можеме да се прилагодиме“, рече Виктор Реско де Диос, инженер за животна средина од Универзитетот во Леида.

„Адаптацијата започнува со релативно едноставни решенија – иако тие не се бесплатни, како што се инсталирање климатизација или создавање простори кои служат како климатски засолништа. Но, мора да се бавиме и со посложени решенија, како што се зголемување на зелените површини во градовите поради ублажување на ефект на урбани топлотни острови – и прилагодување на здравствените системи“, истакна тој, за Гардиан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни