Крајот на февруари носи вистински топлотен бран низ Европа и на Балканот, со продор на топол воздух од југ и влијание на изразен антициклон – поле со висок воздушен притисок. Оваа синоптичка состојба ќе донесе стабилно време, многу сонце и невообичаено високи температури за овој дел од годината.
Во поголем дел од Европа, температурите ќе се искачат до околу 20°C, додека во југозападните делови на континентот се очекуваат вредности и до 25°C. Токму таму ќе биде и најтопло во наредните денови.
Пролетни температури и во Македонија
И во Македонија следува невообичаено топол крај на февруари. Дневните температури ќе се искачат до близу 20°C, особено во Повардарието и југоисточните предели. Времето ќе биде стабилно, суво и претежно сончево.
Сепак, утрата ќе останат релативно студени, со минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштаат неколку степени под нулата.
Надпросечни вредности за повеќе од 10 степени
Во голем дел од Европа температурите ќе бидат повисоки од просекот за крајот на февруари за 10, па и повеќе степени. Доколку ваквото време се задржи подолг период, можно е постепено будење на природата и порано започнување на вегетацијата.
Иако времето наликува на вистинска пролет, метеоролозите предупредуваат дека сме сè уште во зима и не може целосно да се исклучи можноста за ново заладување во текот на март