Топењето на мразот на површината на Земјата ја успорува ротацијата на планетата и го продолжува денот

Фото: НАСА

Новите истражување покажуваат дека топењето на ледот на половите, како последица на климатските промени, ја отежнува ротацијата на Земјата. Поради тоа постои можност денвите да бидат подолги, пишува РТС.

Должината на денот на Земјата постепено се зголемувала поради гравитацискиот отпор од Месечината на океаните и копното. Во физиката, законот за одржување на моментумот укажува на тоа дека објектот ќе продолжи да се движи со иста брзина, додека нешто не го натера да го промени движењето.

Топењето на ледената покривка на Земјата поради глобалното затоплување ја редистрибуира водата во светските океани, поради што се зголемува нивото на морето во близина на екватодор. Поради тоа, нашата планета успорува со ротацијата, што може да влијае на продолжување на денот.

Истражувачите проучувале зошто и како земјината оска постепено се поместува, а тимот користел невронски мрежи за да создаде најсеопфатен режим за да објасни како движењата во јадрото на Земјата и климата на површината придонесуваат за тоа.

„Климатските промени може да влијаат на процеси кои се одвиваат во длабочините на нашата планета многу повеќе него претходно. Сепак, промените се минимални и не треба да не загрижуваат“ вели Кијани Шахванди, водечки автор на истражувањето.

Ваквите промени сепак може да направат проблем при работата на интернетот, финансиската комуникација и трансакциите, кои се засновани на прецизно и точно време. Исто така потребна ни е прецизност и за навигација, особено за зателитите и вселенските летала, заклучуваат научниците.

Извор: РТС

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни