Од достигнувања направени првпат во светот и рушење рекорди, преку екстремни спортски перформанси, до локални приказни што добија глобална препознатливост – изминатите 12 месеци уште еднаш покажаа дека и најлудите идеи можат да станат реалност. 2025 година ќе остане запаметена како година што ги помести границите на спортот, културата и иновацијата во светот на Red Bull.
Во продолжение, ги издвојуваме 10-те проекти и легендарни достигнувања што ја дефинираа оваа година.
- Pierre Vaultier: Сноубординг или уметност?
Двократниот олимписки шампион Pierre Vaultier го претвори замрзнатото езеро Pontillas во Serre Chevalier во уметничка сцена.
Проектот Floating Shapes претстави патека изградена врз делумно замрзната површина, каде секое движење бара апсолутна прецизност. Возењето над мраз дебел само неколку сантиметри целосно ја избриша границата меѓу спорт и перформанс.

- Viki Gómez во Скопје: BMX Flatland на „Златна бубамара“
Во февруари, Скопје беше домаќин на историски момент: трикратниот светски BMX Flatland шампион Viki Gómez настапи на „Златна бубамара на популарноста“.
По возењето низ култни градски локации, спектаклот кулминираше со настап пред повеќе од 6.000 посетители, каде Gómez ја освои и првата „Бубамара“ доделена на странски спортист.

- Sebastián Álvarez: Три светски рекорди со еден лет
Чилеанецот Sebastián Álvarez со проектот Red Bull Starman постави три светски рекорди со еден единствен wingsuit лет: брзина од 550 км/ч, дистанца од 53,45 км и време во воздух од 11 минути и 1 секунда – нова дефиниција за човечкиот лет.

- Luc Ackermann: FMX скок меѓу два камиона во движење
FMX возачот Luc Ackermann го изведе Tsunami Backflip – скок од еден камион во движење на друг, над бариера висока девет метри. Подвигот влезе меѓу најризичните и најпрецизни FMX трикови досега.
- Peter Salzmann: Нов светски рекорд во wingsuit BASE
Австриецот Peter Salzmann постави нов светски рекорд, достигнувајќи брзина од 347 км/ч при wingsuit BASE скок од северната страна на Ајгер во Швајцарија.

- Andrzej Bargiel: Скијање од врвот на Монт Еверест
Полскиот алпинист Andrzej Bargiel испиша историја со скијање од врвот на Монт Еверест до базниот камп – без дополнителен кислород.
По речиси 16 часа над 8.000 метри надморска височина, подвигот влезе во анали на алпинизмот.
- Sandro Dias: Два Гинисови рекорди со еден спуст
Бразилската скејт легенда Sandro Dias постави два Гинисови рекорди со спуст од 22-катна зграда во Porto Alegre – брзина од 103,8 км/ч и висина од 70 метри.
- Domen Škofic: Качување по авион при лет
Словенечкиот алпинист Domen Škofic совлада алпинистичка рута на крило од авион, на височина од 2.500 метри и брзина до 100 км/ч – исклучително редок и опасен подвиг.
- Ultimate Aerial Obstacle Course: Небото како терен
Red Bull спортисти од различни воздушни дисциплини креираа воздушна траса од 15 сегменти што ги поврза планините, градовите и отвореното небо во една континуирана линија за лет – еден од највпечатливите визуелни проекти на годината.

- EUROEDIL HOLDING: Историски успех за Македонија
Македонската екипа EUROEDIL HOLDING го освои второто место на светското финале на Red Bull Half Court во Дубаи.
Овој успех ја потврди силата на домашната 3х3 сцена и донесе историски пласман за Македонија на глобалната мапа.

