Актерите кои заработуваат најмногу на кино благајните во светот имаат една заедничка карактеристика – долговечност.
Том Круз и Роберт Дауни Џуниор се реинвентираа во текот на децениите, преминувајќи од сериозни драмски актери до најголемите ѕвезди на блокбастери. Скарлет Јохансон и Зои Салдања можеби немаат толку многу кариера зад себе, но внимателно ги одбрале проектите што им донеле главни улоги во филмските гиганти.
Без разлика дали се борат со диносауруси, изведуваат луди акробации, возат побрзо од законската граница или го спасуваат светот со тим од суперхерои, овие актери ја открија формулата за тоа што сака публиката. А бројките од кино благајните го докажуваат тоа.
Еве листа на 10-те најплатени актери на сите времиња според вкупната заработка на нивните филмови ширум светот (според The Numbers):
10. Крис Еванс – 11,42 милијарди долари
Како Капетан Америка, Еванс беше дел од некои од најуспешните филмови во историјата, вклучувајќи го и „Одмаздници: Крајна игра“ од 2019 година, кој заработи повеќе од 2,7 милијарди долари. А потоа, тој се појави во хитови како „Слободен човек“ и „Дедпул и Вулверин“ (2024).

9. Двејн „Карпата“ Џонсон – 11,44 милијарди долари
Откако го освои светот на борењето, Џонсон се упати кон Холивуд и брзо стана синоним за кинематографски успех. Неговата улога во „Брзи пет“ од 2011 година започна низа блокбастери, вклучувајќи ги „Бесниот 7“ и „Судбината на бесниот“. Додадете ги на тоа „Моана“ и „Џуманџи“ – и добивате машина за хитови.

8. Вин Дизел — 11,9 милијарди долари
Ѕвездата на сите десет филмови „Брзи и бесни“, Вин Дизел е столбот на оваа франшиза која вкупно заработи повеќе од 7 милијарди долари. Тој му го позајми гласот и на популарниот Грут во „Чувари на галаксијата“.

7. Крис Хемсворт — 12,1 милијарди долари
Како Тор од универзумот на Марвел, Хемсворт донесе речиси 3 милијарди долари на франшизата. Како дел од „Одмаздниците“, тој учествуваше во филмови кои заработија уште 8 милијарди. Неодамна се истакна во „Фуриоза: Сагата на лудиот Макс“.

6. Том Круз — 12,6 милијарди долари
Една од последните вистински филмски ѕвезди, Том Круз доминира во кината со децении. Неговата франшиза „Невозможна мисија“ донесе речиси 5 милијарди долари, а „Топ Ган: Маверик“ од 2020 година заработи дури 1,4 милијарди долари. Новиот дел од „Последната пресметка“ веќе руши рекорди.

5. Крис Прат — 14,1 милијарди долари
Кој би помислил дека шегаџијата од „Паркови и рекреација“ ќе стане една од најголемите филмски ѕвезди? Улогите на Стар-Лорд, Емет од „Лего филмот“, Овен од „Јура во светот“ и Марио во филмот „Супер Марио Брос“, Прат секогаш ги погодуваше.

4. Зои Салдана — 14,2 милијарди долари
Добитничка на Оскар со златен инстинкт за улоги. Таа беше Ухура во „Ѕвездени патеки“, Гамора во „Чувари на галаксијата“ и Нејтира во „Аватар“. Секоја од тие франшизи е огромен блокбастер хит.

3. Роберт Дауни Џуниор — 14,3 милијарди долари
Некогаш отпишан поради проблеми со дрога, денес една од најплатените ѕвезди. Со улогата на Ајронмен во 2008 година, тој се врати на голема врата и стана лице на универзумот на Марвел. По збогувањето во „Одмаздници: Крајна игра“, тој се враќа како Доктор Дум во „Одмаздници: Судниот ден“.

2. Семјуел Л. Џексон — 14,6 милијарди долари
Легендата на светското кино – од „Војна на ѕвездите“ и MCU, преку анимациите на Pixar, до филмовите на Спајк Ли и Тарантино. Присутна во најголемите хитови со децении.

1. Скарлет Јохансон — 14,8 милијарди долари
Новата кралица на киното! Свежа по успехот на „Преродба на светот Јура“, кој заработи над 300 милиони долари само за време на празничниот викенд, Скарлет го престигна Семјуел Л. Џексон. Почнувајќи како Црна Вдовица во 2010 година во „Ајронмен 2“, таа блесна и во „Книгата за џунглата“, „Пеј“ и други хитови.

Комбинација од добро управување со кариерата, иконски франшизи и непогрешливи инстинкти – тоа е рецепт за успех на кино благајните. Овие актери не само што ги полнат салите, туку ги поставуваат стандардите за целата индустрија.