Топ 10 градови со најдобар индекс на квалитет на воздухотот денес, меѓу нив и Скопје

Осло, Детроит, Торонто и Скопје се меѓу градовите со најчист воздух во светот според индексот на квалитет на воздухот (AQI). Еве ја листата на топ 10 градови со најниски вредности на AQI во 2025.

Во време кога светот се соочува со растечки нивоа на загадување, неколку градови се издвојуваат како пример за одржлив живот и урбано планирање. Според IQAir, овие градови имаат најнизок индекс на квалитет на воздухот (AQI), под 20, што значи дека воздухот е екстремно чист:

  1. Осло, Норвешка – AQI 1
    Осло е град со најчист воздух во светот. Ова се должи на интензивните напори за намалување на фосилните горива во приватниот сообраќај. До крајот на 2024 година, речиси 89% од продадените патнички возила биле електрични, а до 2028 година сите јавни автобуси, трамваи и трајекти ќе бидат без емисии.
  2. Детроит, САД – AQI 8
    Иако Детроит е еден од најзагадените градови во САД во историски контекст, моменталниот AQI е 8. Градот го затвори својот главен извор на загадување, инсинераторот за цврст отпад, по долги кампањи.
  3. Алжир, Алжир – AQI 11
    Краткотрајните добри мерења на AQI се резултат на поволни временски услови, но градот се соочува со значително загадување од сообраќај и индустрија.
  4. Торонто, Канада – AQI 11
    AQI во Торонто варира поради сообраќај и чад од шумски пожари, па квалитетот на воздухот може брзо да се менува.
  5. Сиднеј, Австралија – AQI 16
    Сиднеј, иако голем град, постојано ужива во подобар воздух во споредба со други светски метрополи.
  6. Куала Лумпур, Малезија – AQI 17
    Воздушниот квалитет е нестабилен поради густ сообраќај и чад од отворено палење на земјиште и шуми во соседните земји, особено во Индонезија.
  7. Лисабон, Португалија – AQI 17
    AQI во Лисабон може да се смета за поволен, но не е постојан.
  8. Вашингтон, САД – AQI 17
    Квалитетот на воздухот често се подобрува, но влијаат локалните емисии и чад од шумски пожари во Канада.
  9. Солт Лејк Сити, САД – AQI 17
    Градот има нестабилен AQI поради феноменот на зимска инверзија, кој ја заробува загадената воздухна маса во долината.
  10. Скопје, Северна Македонија – AQI 18
    Иако денес AQI е 18, Скопје е познат по лош квалитет на воздухот. Географски, долината ја заробува загадената воздушна маса, а главни извори се греењето со неефикасни горива и старите возила.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни