На листата најплатени глумци во светот за изминатата година, меѓу првите 10-мина, има само една жена: Никол Кидман. Следи целосниот список.
Американскиот глумец и пејач Вил Смит заработил 26 милиони долари, заземајќи го 10. место пред Маришка Харгитај, која заработи 25 милиони долари. Неговата сума најмногу може да му се припише на филмот „Лоши момци: Сѐ или ништо“ (Bad Boys: Ride or Die) – 4. дел од серијалот, којшто годинава заработи 404,2 милиони долари ширум светот, со продукциски буџет од 100 милиони долари.
Адам Сендлер заработи 26 милиони долари, благодарение на филмовите „Астронаут“ (Spaceman) и „Среќниот Гилмор 2“.
Австралиската „оскаровка“ Никол Кидман заработила 31 милион долари. Нејзиниот успех се должи на прилично успешната година во којашто таа имаше улога во филмовите „Малечка“ (Babygirl) и „Семејна афера“ (A Family Affair), и „Магепсани“ (Spellbound) на Нетфликс.
Џорџ Клуни – 31 милион долари. Американскиот глумец ce појави во „Волци“ (Wolfs) со Бред Пит и „Ако“ (IF).
Бред Пит – покрај „Волци“, глумецот лани продуцирал и седум други филмови. Неговата вкупна заработка била 32 милиони долари.
Хју Џекмен има годишен приход од 50 милиони долари. Тоа, најмногу благодарение на „Дедпул и Вулверин“ којшто заработи 1,34 милијарди долари ширум светот.
Џери Сајнфелд лани стана милијардер – со помош на „Одмрзнат“ (Unfrosted) филм којшто му донесе најмалку 60 милиони долари.
Кевин Харт со заработени 81 милион долари е трет, благодарение на филмот „Погранична област“ (Borderland), продолжението на „Умри Харт“ (Die Hart) и барем 90 стенд-ап настапи.
На второ место е Рајан Рејнолдс – со 85 милиони долари заработка. Покрај неговите улоги во „Дедпул и Вулверин“, тој продуцираше нови епизоди од серијата „Добредојдовте во Рексам“, но учествуваше и во преработката на сценариото за филмот „Ова завршува со нас“ со Блејк Лајвли.
Двејн Џонсон – со 88 милиони долари повеќе на својата сметка, е на врвот на листата. Тој е актуелен со филмовите „Црвениот“ (Red One) на Амазон – вреден 50 милиони долари, и „Моaнa 2“.