Томпсон на концерт носеше маичка со бројот 03941158 – посвета на киднапер на авион

Хрватскиот пејач Марко Перковиќ Томпсон на последниот настап се појави во црна маичка со бројот 03941158 – број што често го носи како посвета на Звонко Бушиќ, човекот кој во 1976 година организирал киднапирање на патнички авион во САД.

Кој е Звонко Бушиќ?
Бушиќ, кој подоцна издржал 32 години затвор, бил осуден за насилно преземање на авион со смртни последици и заговор, откако заедно со својата сопруга и уште тројца соучесници презеле контрола над авионот TWA 355 на лет од Њујорк кон Чикаго, тврдејќи дека носат бомба. Вистински експлозив бил поставен и во гардеробер на Гранд Централ станицата во Њујорк, каде што при обид за деактивирање загинал полицаецот Брајан Мареј.

Томпсон му ја посвети песната „Дух ратника“ од албумот „Било једном у Хрватској“ (2006), а бројот 03941158 го носи како симболичен затворски број на Бушиќ.

По пуштањето од затвор во 2008 година, Бушиќ бил депортиран во Хрватска, каде што јавноста реагирала поделено – дел го сметале за херој и борец за независноста, а други за насилен сторител на тешко кривично дело.

Иако не бил формално осуден за тероризам – бидејќи тогаш таквата квалификација не постоела во американското законодавство – случајот останува контроверзен до ден-денес.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни