Том Круз на сите пријатели им испраќа ист поклон секој Божиќ

Актерот Том Круз на своите пријатели секој Божиќ им го испраќа истиот подарок. Тоа значи дека стотина луѓе добиваат иста пратка секоја година.

Овој интересен факт го открија многу пријатели и колеги на Том кои со години го добиваат истиот подарок.

Минатата година тиктокерката Дана Шварц, чиј сопруг работеше со Круз, покажа како изгледа тортата од бела чоколада и кокос што Круз ја испраќа до своите пријатели.

„Секоја година Том Круз им праќа на стотици луѓе ист празничен подарок“, објасни таа.

„Тој секогаш испраќа бела чоколадна торта од кокос“, откри таа. Нејзиниот сопруг со години работеше како сценарист на бројни проекти со Круз, па се најде на листата на оние кои ја добиваат тортата.

„Оваа торта е толку добра што се омажив за Иан главно поради неа“, се пошегува Тиктокерката.

Кој друг ја добива тортата?

Актерката Коби Смалдерс, најпозната по улогата на Робин во „Како ја запознав мајка ви“, гостуваше во шоуто на Џими Фалон во 2022 година и го потврди истото. Тие двајца снимаа заедно во 2016 година и оттогаш се во добри односи.

Таа откри дека оттогаш актерот секоја година ѝ праќа торта.

„Тоа е торта од бело чоколадо со кокос и морам да признаам дека е вкусна. Ја чувам во фрижидер и трае до март бидејќи секогаш земам само по едно парче. Не знам зошто, јадам многу благо, но оваа  торта е одлична“, рече таа.

Тогаш водителот Џими Фалон откри дека го добива истиот подарок и ја нарече „Том Круз торта“.

Претходно Кирстен Данст, Хенри Кавил и Џејмс Корден открија дека добиваат ист подарок. Патем, наведената торта е прекриена со бело чоколадо и рендана глазура од кокос и може да се купи во пекарницата Доан во Вудленд Хилс, Калифорнија.

Зошто го испраќа овој конкретен подарок?

Том Круз еднаш раскажа како испраќа торта на широк круг на познаници за празниците, а откри и малку чудна причина за тоа.

„Сакам слатки, но ги избегнувам поради тренинзите и подготовките што ги поминувам за филмови. Затоа им го испраќам на сите“, вели тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни