Au revoir les jeux!

Том Круз го предаде олимпиското знаме на Лос Анџелес

Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, го предаде олимпиското знаме на градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас. Ова е прв пат во историјата две жени градоначалнички да го предаваат олимпиското знаме, додека Игрите се упатуваат кон Јужна Калифорнија.

Au revoir les jeux! или „Збогум Игри“. Затварањето на олимписките игри во Париз беше уште една ревија на бои. Церемонијата на затворањето на игрите, истовремено е и почеток на нешто ново. Ритуалот на бескрајниот циклус и пренесување на пламенот во Лос Анџелес 2028 година. Олимпиското знаме од стадионот го спушти лично тој, Том Круз кој слезе од покривот на стадионот, реконструирајќи сцени од филмот „Невозможна мисија“. Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, го предаде знамето на градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас. Тоа е прв пат во историјата две жени градоначалнички да го предаваат олимпиското знаме, додека Игрите се упатуваат кон Јужна Калифорнија. Таму пак, во Лос Анџелес Red Hot Chili Peppers и пејачката Били Ајлиш изведоа мини-концерт на Venice beach покрај Тихиот Океан.



Завршниот спектакл го означи почетокот на четиригодишното одбројување до Игрите во Лос Анџелес. Американската икона во гимнастиката Симон Белс, ѝ се придружи на градоначалничката на Лос Анџелес Карен Бас на официјалното предавање на олимпиското знаме.

Претходно, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, ги опиша игрите во Париз како „најдоброто од спортот“.

„Знаеме дека Олимписките игри не можат да создадат мир, но Олимписките игри можат да создадат култура на мир што го инспирира светот“, рече тој. „Да ја живееме оваа култура на мир секој ден“.


На олимпискиот стадион во Париз вчера вечер околу 9.000 спортисти танцуваа и пееја цела ноќ за време на церемонијата на затворање, која беше една една голема прослава на хуманоста и обединувачката моќ на спортот. „Ова беа сензационални Олимписки игри од почеток до крај“, рече Бах за 17 дневното патување крај париски знаменитости од Ајфеловата кула до замокот Версај.

Церемонијата на затворање имаше чувство на победнички круг од самиот почеток. Речиси 71.500 луѓе околу сцената над ѕвездениот црн тепих. Присутни беа девет илјади спортисти. Девет илјади церемонијални работници. Илјада проектори. Петстотини моноцикли…

„Ова е уште еден аспект на Париз 2024 година, Игри што ги покриваа своите трошоци, кои не мирисаат на прекумерно трошење и бесмислени наследни проекти. Ова е подарокот на Париз 2024 година на оној стар стар патувачки пламен, во радоста и спектаклот на Париз en fete“ ќе напише „Гардиен“ во својот осврт.

ЛА 2028 година ќе биде многу поинаква. „Ние ја немаме Ајфеловата кула, но ние сме светска престолнина на забавата“, ќе кажат американците. Лос Анџелес ќе игра на своите силни страни: Холивуд, технолошките гиганти, сопствената легенда…

Фотографиите се превземени од официјалната страна на Олимписките Игри

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни