Том Круз ќе ги затвори ЛОИ во Париз, преземајќи го знамето за Лос Анџелес

Во церемонијата за затворање на Олимписките игри во Париз ќе учествува и познатиот холивудски глумец Том Круз со свој перформанс.

Во адреналинските сцени од филмовите по кои Том Круз стана познат, тој се качува на највисоката зграда на светот, виси во воздух држејќи се за авион и поставува рекорди во задржување на здивот под вода.

На затворањето на Олимписките игри во Париз тој подготвува спектакл со дел од неговите филмски акции. Дел од сцените за церемонијата за затворање се веќе снимени, а дел ќе се изведуваат во живо.

Круз ќе изведе перформанс инспириран од филмот „Невозможна мисија“ за кој актерот се подготвува неколку месеци.

Предвидено е дека перформансот ќе започне од врвот на спортскиот комплекс Стад де Франс во Сан Дени, а потоа ќе биде искомбиниран со сцени снимени низ улиците на Париз. Перформансот треба да заврши во Лос Анџелес, каде што Круз ќе го предаде олимпиското знаме на американските спортисти како најава за следниот град домаќин, Лос Анџелес.

Најново

Последни колумни