Тиктокер сподели урнебесно видео пред пет дена што насмеа повеќе од милион корисници на социјалната мрежа.
На видеото се гледа брканица од златен ретривер/пудлица, Марфи, како се обидува да фати верверица која се крие во трупецот од дрво. Секогаш кога кучето и се приближува, верверицата вешто се крие од другата страна на трупецот.
Видеото досега го погледнале повеќе од 1,3 милиони луѓе, а некои од нив во коментарите напишале дека видеото ги потсетило на популарниот цртан филм Том и Џери.