Том Харди откри која улога му била најтешка во кариерата – и не е онаа што мислите

Британскиот актер Том Харди е познат по своите улоги на опасни, комплексни и често криминални ликови. Од Чарлс Бронсон до Бејн во „Паврат на мрачниот витез“, па сè до улогата на братјата Крeј и Ал Капоне – Харди градел имиџ на тврд и трансформативен актер.

Но, како што открива за Entertainment Tonight, најпредизвикувачката улога за него не доаѓа од светот на акцијата или криминалот – туку од една детска емисија.

„Тоа е дефинитивно најтешката улога што сум ја имал“, вели тој за своето читање детски приказни во CBeebies Bedtime Stories.

„Тоа е навистина тешко! Обидете се да работите со деца или да ги успиете – вистински предизвик! Најтешката работа на светот е да ги натерате децата да си легнат на време. Тоа е најтешката улога што сум ја играл. И можеби најблиска до мене“, признава Харди.

Тој читаше приказни како „Во градината има тигар“ и „Под исто небо“, а инспирацијата ја црпел од сопственото искуство како родител. Без маски, борби или физички трансформации – Харди успеа да го освои и детскиот свет, а неговиот топол глас го направи еден од омилените гости на емисијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни