Toксичен воздух над Баварија: Властите во Гермаинја издадоа предупредување за населението- Останете дома!

Градските власти во Ашафенбург, Баварија, издадоа итно предупредување по појава на токсичен облак од хемикалии. Жителите се повикани да останат дома и да ги затворат прозорците.

Властите во германскиот град Ашафенбург, кој се наоѓа во регионот Долна Франконија, една од седумте административни области во сојузната држава Баварија, денес издадоа итно предупредување за можно затрување од загаден воздух по инцидент во едно локално индустриско постројување.

Според податоците на Сојузната канцеларија за цивилна заштита, при инцидентот биле испуштени гасови кои формирале жолтеникав облак, потенцијално токсичен, пренесува дневниот весник Билд.

„Токсичниот облак во моментот се прошири и над соседната урбана област. Властите ги повикуваат граѓаните да останат во своите домови, да ги внесат лицата кои се надвор и да ги држат прозорците и вратите затворени“, се наведува во соопштението на локалните власти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни