Тодоровска: Направете самопреглед еднаш во месецот, раното откривање на меланомот овозможува комплетно излекување

Во Градски парк на Школка денеска се одржува настан на Еуромеланома, на кој граѓаните имаат можност за бесплатен преглед на бемки, лезии или дамки сомнителни за рак на кожа со дермоскоп од страна на искусни дерматолози. Заинтересираните граѓани на штандовите од страна на дерматолозите добиваа совети и ифнормации за соодветната заштита и превенција.

Специјалистот по дерматовенерологија д-р Верче Тородовска во изјава за МИА истакна дека меланомот може да се излечи комплетно само со негово рано откривање.

„Еуромеланома е паневропска кампања за подигнување на свеста за рано откривање на ракот на кожа, како еден од се почестите причини особено за смртност во мошне млада возрасна група, помеѓу 19-та и 29-та година, е главна причина за смртност. Токму затоа акцентот го ставаме на заштитата од сонце особено во детството, бидејќи изгорениците и оштетувањето од сонце настанато токму во овој период понатаму ни го зголемува ризикот за појава на рак на кожа во подоцнежните години. Обично, тоа се случува после некој латентен, односно период без никакви симптоми и одеднаш почнува нешто да се појавува на кожата, најчесто тоа се лентигинозни или флеки од сонце како такви го препознаваме. А за карциномите првите знаци можат да бидат мошне банални, да изгледаат доста наивно, да наликуваат на бемка, токму затоа препорачуваме самопреглед кај пациентите барем еднаш во месецот со што било која чудна нова промена или бемка која се менува би требало да биде аларм да дојдат да ја прегледаат. Само раното откривање на ракот на кожа, особено меланомот како најопасниот, може да се излекува комплетно“, рече таа.

Тородовска изјави дека откривањето во поразвиен стадиум веќе носи понегативни прогнози и некогаш завршува и со смрт.

-Основата е подигање на свесноста за тоа што е тоа меланом, за да може рано да се открие и ако рано се открие може да се излекува. Во последниот месец во рок од една недела имав две пациентки под 30-годишна возраст со потврдени меланом. Едната пациентка имаше промена на ногата која што ја пратела две години, иако била единствена црна која растела, од страв да не и се каже дека е нешто страшно не дошла на преглед и веќе тој е развиен меланом. Втората пациентка од 28-годишна возраст имаше промена на грбот која рапидно во рок од шест месеци се развила, исто така потврден меланом, рече таа.

Тодоровска посочува дека маленомот е единствениот карцином кој не бира ниту возраст и тип на кожа и може да се појави во било кој дел од кожата иако никогаш не се изложени на сонце.

„Меланомот е единствен карцином кој што не бира ниту по возраст, ниту по тип на кожа. Не се само ризичните групи склони нешто да се појави, туку може да се појави кај секого на било која возраст и било каде а не само на откриените делови што се изложени на сонце туку на било кој дел од кожата – под косата, на скалпот, под ноктите, на стапалата, делови кои никогаш не се изложени на сонце. Нема правила“, вели таа.

Апелира граѓаните да се јават веднаш на преглед кај лекар штом ќе забележат нешто чудно во нивната кожа.

„Затоа обрнете внимание – ако забележите нешто чудно, јавете се веднаш на преглед. Тоа е основата – да не го одложувате прегледот, бидејќи колку порано е откриен меланомот може и да се излекува“, нагласи дерматовенерологот д-р Тородовска. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни