,,Тивко бегство“ – филм на Освалд Родриго Переира за Хималаите, вчера беше прикажан во склоп на 15 тото издание на ЕХО Филм Фестивал .
-Ова е филм кој ја претставува посветеност на поместувањето на границите во хималаизмот со сите емоции што тоа ги носи: прекрасни сцени преку кои се прикажува како самостоен пар, без дополнителен кислород и поддршка се искачува на две планини повисоки од 8000м и потоа еден од нив и ги скија надолу, велат организаторите.
Филмската програма вчера започна во 18 часот со филмот „Последните набљудувачи“ кој ги претстави Шведски пар – набљудувачи во последната мануелна метео станица во Шведска, кои се инспиративно вљубени во својата работа која ги прави едно со природата, со облаците, птиците…
,,Во остатокот од програмата беа прикажани два филма кои се на слична тема, која не’ потсетува на историјата на алпинизмот и истражувањата на карпите во доломитите и француските Алпи во 1900-тите години: „Експедицијата на Етвеш“ и „Мета“ – фасцинантни приказни за истражувачката љубопитност и посветеноста на поместувањето на границите во планините, на сестрите Етвеш од Унгарија и на Американката Мета… ” велат организаторите.
Беше прикажан и филмот „Зимско ехо“, приказна пак која ги однесе гледачите во планинско место во Италија каде во чест на двајца загинати во лавина млади момчиња, целата заедница се инспирира и прави планинска трка која ја организира веќе неколку години – со која ја покажува својата блискост со планината и покрај трагедијата која таа понекогаш ја носи.
Последниот филм „Тело на линија“ е интимно и креативно патување на најтешкото качување на карпа на висина од 4000 метри во Колорадо. Целосно снимен во живо, овој филм всушност користи 7229 оригинални цртежи, музика и поезија. Качувачки филм, каков што публиката до сега немала прилика да види.
ЕХО Фестивалот на Планински Филм прпдолжува и денес со интересна програма.