Тивка болест која ги погодува 10% од луѓето, а ретко се споменува

Хроничната болест на бубрезите, позната и како хронична бубрежна инсуфициенција, е здравствен проблем кој ги погодува повеќе од 10% од светската популација, односно скоро 800 милиони луѓе ширум светот.

Иако оваа болест е многу распространета, често се открива во напредни стадиуми, бидејќи симптомите стануваат изразени само кога болеста е во посериозна фаза.

Што е хронична болест на бубрезите?

Хроничната болест на бубрезите се карактеризира со постепен и траен губиток на функцијата на бубрезите, кои играат клучна улога во филтрирањето на отпадните продукти од крвта и регулирањето на рамнотежата на течностите во телото.

Симптоми на болеста

Симптомите на хроничната болест на бубрезите се често неспецифични и се појавуваат постепено, што го отежнува раното откривање. Некои од најчестите симптоми се:

  • Мачнина и повраќање
  • Губење на апетит
  • Хроничен замор и слабост
  • Проблеми со спиењето
  • Промени во мокрењето
  • Намалена ментална острота
  • Грчеви во мускулите
  • Отекување на нозете и зглобовите
  • Сува кожа
  • Висок крвен притисок кој тешко се контролира
  • Тешкотии со дишењето

Во потешки случаи, болка во градите може да се појави поради наталожување на течности во белите дробови или околу срцето.

Зошто не е лесно да се открие?

Стручњаците предупредуваат дека овие симптоми се чести и за многу други медицински состојби, поради што пациенти често доцнат со барање помош. Затоа е важно редовно да се подложувате на превентивни лекарски прегледи кои можат да откријат болеста пред појавата на видливите симптоми. Дијагнозата се поставува со едноставни тестови на крвта и урината кои покажуваат намалена функција на бубрезите.

Лечење на хроничната болест на бубрезите

Целта на лечењето на хроничната болест на бубрезите е да го забави нејзиното напредување. Најчесто вклучува лечење на основните причини за болеста, како што се дијабетесот или висок крвен притисок, прилагодување на животниот стил и специјална исхрана.

Ако болеста достигне краен стадиум, кога бубрезите целосно го губат своето функционирање, потребна е дијализа или трансплантација на бубрег.

Превенција и редовни прегледи

Здравствените организации препорачуваат редовни годишни прегледи за рано откривање на оваа состојба, бидејќи навремена дијагноза може значително да го забави текот на болеста и да го подобри квалитетот на животот на болните.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни