Титулата за најубав град во Франција сепак оди кај Бордо, а не кај Париз

Фото: Olivier Aumage

Франција е најпосетена земја на светот, која годишно прима преку 100 милиони туристи, а најголемиот дел од нив одат во Париз, привлечени од светкавата Ајфелова кула, романтичните улици и неброените културни места.

Со целата репутација која ја има француската престолнина, ќе мислите дека Париз ја носи титулата најубав град во земјата, но сепак, еден друг град, 528 километри југозападно од Париз е прогласен за најубав во Франција и не е често на радарот на посетителите кои прв пат доаѓаат во земјата.

Се работи за шармантниот град Бордо, кој ја доби титулата за најубав град во Франција.

Врз основа на неодамнешниот научен извештај кој е објавен од Online Mortgage Advisor, кој ги рангираше 25те најубави градови во светот. Бордо е на листата на француски места со највисок ранг и се наоѓа на деветтето место пред Париз, Лион, Ница, Стразбур и останатите.

Истражувачите прегледувале фотографии и Google Street View за да прегледаат милиони историски градби и улици ширум светот и врз основа на достапните слики ги пресметале пропорциите за секој споменик и должината на сите улици.

Врз основа на ваквите пропорции и концентрацијата на историски места во различни градови, тие се рангираме според „убавина“, што на крајот, сепак е субјективна. Но за оваа студија се гледа само културното богатство што одреден град го акумулирал.

Бордо е основан 300 години пред новата ера, поради што има и голема концентрација на историски места во градот. Во центарот има дури 350 историски градби, безброј уметнички музеи и галерии, како и многу средновековни знаменитости.

Овој град е и неофицијална престолнина на истоимениот вински регион и е пристанишен град познат по својата фасцинантна историја, неверојатна кујна и добро сочувана архитектура.

Најново

Последни колумни