Тиса освојува две третини во унгарскиот парламент, Орбан пред историски пораз

Анкетната агенција Медијан, која точно го предвиде Орбановиот лендслајд пред четири години, проектира дека опозицијата ќе освои Унгарската опозициска партија Тиса, предводена од Петер Маѓар, е на пат да освои целосно мнозинство на парламентарните избори во недела, покажува проекција на агенцијата Медијан базирана на пет најнови истражувања на јавното мислење. Доволно е за уставни промени и отклучување на замрзнатите фондови на ЕУ.

Според анализата на Медијан, Тиса е на пат да освои меѓу 138 и 142 места во 199-членото Собрание, со што би ги надминала потребните 133 места за супермнозинство. Фидес на Виктор Орбан се очекува да добие помеѓу 49 и 55 места, а крајнодесната партија Наша татковина (Ми Хазанк) помеѓу пет и шест места, покажува истата проекција.

Медијан има силно досие за точност на предвидувања

Проекцијата се темели на вкупен примерок од 5.000 испитаници опфатени во пет одделни истражувања спроведени во доцниот февруари и март, преку три независни кол-центри. Медијан е меѓу агенциите со најсилно досие за точно предвидување на изборни резултати во Унгарија: точно го предвиде лендслајдот на Орбан пред четири години, иако малку го прецени поддршката за тогашната опозиција.
Фидес оспорува, но со сомнителни анкети
Иако поголемиот дел од истражувањата покажуваат предност на Тиса, Фидес се повикува на анкети кои сè уште му даваат предност на Орбан. Противниците на власта тврдат дека овие истражувања главно ги спроведуваат институти со финансиски или лични врски со владејачката партија.

Крај на 16-годишната ера?

Орбан ја држи власта од 2010 година и во текот на поголемиот дел од тој период располага со двотретинско мнозинство во Собранието, со кое го донесе новиот устав и измени повеќе клучни закони, вклучително и изборниот. Победата на Тиса би значела историски пресврт во Унгарија, со директни последици и врз нејзиниот однос со Европската унија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни