Тоа е едно од клучните наоди од новото истражување спроведено од Центарот за научници и раскажувачи на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес. Со наслов „Тинејџерите и екранот“, пишува Variety.
Анкетирани се околу 1.500 испитаници на возраст од 10 до 24 години.
Истражувачите откриле дека 63,5 отсто од тинејџерите рекле дека претпочитаат приказни на големиот и малиот екран кои се се фокусираат на пријателствата, додека 62,4 отсто рекле дека сексуалната содржина не е неопходна за заплетот.
Тоа се големи скокови во споредба со претходната година, кога 51,5 отсто од анкетираните рекле дека сакаат повеќе содржина за луѓето во платонски врски, а 47,5 отсто рекле дека не бараат емисии или филмови каде сексот е главната поента.
Испитаниците на возраст од 10 до 13 години не биле прашувани за нивните станови за сексуално експлицитна содржина.
„Нашите наоди навистина го потврдија трендот што го откривме минатата година: дека младите се уморни од гледањето на истите застарени романтични генералности на екранот. Тинејџерите и младите луѓе сакаат да гледаат приказни кои поавтентично го рефлектираат целиот спектар на нијансирани врски“, рече Алиша Џеј Хајнс, директорка за истражувањето.
Наместо тоа, 36,2 отсто од тинејџерите рекле дека уживаат во содржини сместени во фантастични светови, во приказни за богати и славни (7,2 отсто), вистински социјални прашања (13,9 отсто), лични прашања (24,2 отсто) или други жанрови (3,3 отсто).
И кога станува збор за нивните омилени видови на забава, 39,2 отсто од тинејџерите избрале да играат видео игри, во споредба со 33,3 отсто кои гледале телевизија или филмови и 27,5 отсто кои избрале да се движат низ платформите на социјалните медиуми.
Кога станува збор за дигиталните форми на забава, 38,8 отсто од тинејџерите рекле дека YouTube е најавтентичната платформа за социјални медиуми, по што следат TikTok (36,3 отсто) и Instagram (28,3 отсто).