Тинејџер собира и донира „отфрлени“ Лего коцки

Чарли Џеферс ги обожава LEGO коцките уште од мал и признава дека тоа е една од играчките што му помогнала да научи математички и инженерски концепти и како да биде фокусиран, флексибилен и креативен.

Тој се сетил дека многу деца немаат можност да поседуваат LEGO коцки, а исто така има голем дел и од оние кои се веќе користени и завршуваат на депониите.

Па така, тој го започнува проектот Pass the Bricks во 2020 година за да ги реши и двете прашања. Тој и неговиот тим од волонтери ги пренаменија користените LEGO коцки во нови оригинални комплети за деца во маргинализираните заедници кои не знаат за нив или не можат да си ги дозволат.

Проектот Pass the Bricks има четири клучни чекори: собирајте искористени LEGO коцки, дезинфицирајте ги и сортирајте ги, креирајте нови комплети со искористените коцки и доставете ги комплетите до децата во маргинализираните заедници.

Тимот ги дистрибуира комплетите на децата кои имаат потреба директно или преку партнерства со 11 различни непрофитни организации.

До денес, организацијата има испорачано преку 3.055 комплети на децата на кои им е потребнo, а луѓето брзо ја препонаваат вредноста во тоа.

„Ги испративме лего коцките на мојот син во Еквадор. Среќна сум што на овој начин можеме да придонесиме за децата таму.“ – вели соседка на Џеферс која придонесе за проектот.

Со преку 20 волонтери, Џеферс ја прошири програмата во нивните заедници во Сан Франциско, округот Марин, Портланд, Остин, ДЦ, Ричмонд и Лос Анџелес, и сега се обидува да ја зголеми програмата дополнително за да создаде што е можно поголемо влијание.

Крајната цел на Џеферс е секоја ЛЕГО коцка да има втор живот и што повеќе деца да добијат пристап до оваа неверојатна алатка за играње и забава.

Извор: Teen Creates LEGO Charity to Collect and Wash Old Bricks to Give Away New Sets–For 3,000 Kids So Far (goodnewsnetwork.org)

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни