Британија тестира живот без социјални мрежи кај тинејџери

300 британски тинејџери учествуваат во експеримент со ограничување на социјалните мрежи за да се испита нивното влијание.

Стотици британски тинејџери ќе учествуваат во експеримент со ограничен или целосно забранет пристап до социјалните мрежи. Целта е да се утврди како тоа влијае врз нивниот живот.

Стотици британски тинејџери на возраст од 13 до 17 години ќе учествуваат во шестнеделен пилот-проект со кој ќе се тестира влијанието на ограничувањето или забраната на социјалните мрежи.

Во експериментот ќе бидат вклучени околу 300 млади, поделени во четири групи со различни правила за користење на платформите.

Првата група ќе има целосна забрана за пристап до одредени апликации, додека втората ќе може да ги користи TikTok, Instagram и Snapchat само еден час дневно.

Третата група ќе воведе „полициски час“, односно забрана за користење на социјалните мрежи во периодот од 21 до 7 часот.

Четвртата група ќе продолжи со неограничено користење, со цел да се споредат резултатите.

Истражувањето ќе го следи влијанието врз училишниот успех, сонот и семејниот живот на тинејџерите.

Паралелно, родителите ќе бидат интервјуирани пред и по експериментот, за да се добие поширока слика за ефектите и предизвиците.

Проектот се реализира во време кога во Обединетото Кралство се разгледуваат мерки за ограничување на социјалните мрежи, по примерот на Австралија.

Британската министерка за технологија Лиз Кендал изјави дека целта е младите да добијат поздраво детство и подобра подготовка за иднината, а резултатите од проектот ќе помогнат во носење на идни политики.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни