Една од нив е 18-годишната Дилин Мари Тејлор од Охајо, која минатата година доби професионална шминка од нејзината мајка како подарок за првиот ден од последната година од средното образование. „Професионално бев нашминкана за матурата, но сите го прават тоа. Затоа мајка ми сакаше мојот прв училишен ден да го направи посебен”, објаснила средношколката и додала дека тој ден добила комплименти за својот изглед.
Многу тинејџерки решаваат навреме да го резервираат својот термин за шминкање, а шминкерката Брајана Даер од Њу Орлеанс објави видео во кое сподели како во август добила десетици барања за професионална шминка за почетокот на школската година.
@dilyntaylor.p It’s my senior year you know I had to come out with it #SeniorYear #Bus #backtoschool #makeup #makeupartist #extra
♬ original sound – 𝐒𝐭𝐫𝐚𝐰𝐛𝐞𝐫𝐫𝐲𝐦𝐢𝐥𝐤🍓
„Back-to-school glam“ е термин што го користат тинејџерките, а оваа година побарувачката е поголема од било кога.
„Оваа учебна година професионалната шминка е уште попопуларна. Досега имам шминкано 12 девојчиња, сите средношколки на возраст од 16 до 18 години”, открива Даер и објаснува како гламурозниот изглед е најпопуларниот шминкерски изглед за првиот училишен ден.
@briangele28 First Day of School Glam😍💋 #nolamua #nolamakeupartist #nolamakeup #makeup
♬ Always Love You 2009 – Nicki Minaj
Покрај тоа, многу тинејџерки објавуваат упатства за шминкање на TikTok за првиот училишен ден, а некои стануваат во 1 часот по полноќ за да се шминкаат за тој ден.
Тинејџерките не се единствените опседнати со козметика. Имено, се повеќе деца, припадници на Алфа генерацијата, почнуваат да користат агресивни производи за нега на кожа како ретинол, кои се наменети за возрасни, а девојчиња на возраст од 10 до 12 години групно влегуваат во продавниците на Sephora и отвораат пакети за шминка, крадат тестери, малтретираат продавачки и се шминкаат во продавниците.
„Тие девојки доаѓаат во групи, не е важно дали се две или десет. Веднаш, вашата работа е сведена на обезбедување. Неизбежно е да украдат нешто. Најчесто тоа е некој тестер, но некој мора да плати и за тоа“, вели една вработена во парфимерија, која се пожали дека мајките не реагираат на однесувањето на девојките во парфимериите.
„Навистина голем број мајки воопшто не реагираат кога нивните деца ги ставаат прстите во тестери за сенки за очи, кармин или руменило.. Некој мора да ги купи тие тестери за да бидат изложени. Не можеме да ги избркаме, а кога ги предупредуваме, можеби една личност од групата се засрами, другите се смеат или дрско одговараат“, објасни таа.
Извор: Индекс.хр