Тинејџерите кои помалку спијат се во поголем ризик да пијат или да користат дрога

Тинејџерите кои легнуваат подоцна и имаат пократок ноќен сон имаат 39 отсто поголеми шанси да користат алкохол и 34 отсто поголеми шанси да користат марихуана отколку адолесцентите кои спијат подолго и легнуваат порано, според студијата на Универзитетот во Пенсилванија.

Оваа студија, објавена на научниот портал Annals of epidemiology, покажува дека должината на сонот, но и времето на легнување се многу важни за правилен развој на младите и нивната подоцнежна склоност кон дрогите и алкохолот, вели доктор Ен-Мари Чанг.

Со проучување на повеќе од 1500 деца е утврдено дека за правилен развој на мозокот е неопходен ноќниот сон и дека децата од школска возраст не треба да остануваат активни до доцна во ноќта. За тоа сведочат и податоците дека недостатокот на сон кај децата до девет години предизвикува дури 45 отсто од нив до својата 15 година или нешто подоцна да пробаат или да покажат склоност кон алкохол.

Истовремено, како што е утврдено, недоволно сон за петгодишните деца не влијае на употребата на алкохол во подоцнежните години, но е поврзано со зголемен ризик од употреба на марихуана во пубертетот.

Добиените резултати јасно укажуваат на врската помеѓу квалитетен сон во раните години од животот и ризкот од употреба или злоупотреба на супстанции подоцна, но и за потребата за понатамошно истражување на овој феномен со оглед на сепоголемата зависност на младите од опијати и други супстанци кои може да предизвикаат зависност, вели Чанг.

Според податоците на Обединетите нации, секој 17 жител на планетата на возраст помеѓу 15 и 64 години консумира или консумирал некаков вид на дрога.

Извор: Н1

Најново

Последни колумни