Tinder Matchmaker: Пронајди пријатели кои не се на платформата

Tinder воведе нова функција наречена „Tinder Matchmaker“, која им овозможува на корисниците да ги поканат своите пријатели, вклучувајќи ги и оние кои не се на платформата, да предложат нови емотивни партнери.

Компанијата соопшти дека идејата зад новата функција на Tinder е корисниците да откријат кој, според нивните пријатели – па дури и членовите на семејството – мислат дека би бил соодветен партнер за нив, пренесува Tech Crunch.

Во соопштението се додава дека оваа функција е инспирирана од податоците на корисниците на Тиндер од анкетата во која над 75 отсто од самците изјавиле дека неколку пати месечно разговарале за својот љубовен живот со пријателите.

Корисникот на Tinder ќе добие линк што ќе може да го сподели со најмногу 15 пријатели во рок од 24 часа, а преку тој линк пријателите можат да препорачаат профили на потенцијално интересни партнери за тој корисник.

„Tinder Matchmaker ви овозможува да видите нови можности од перспективата на најблиските“, рече шефицата за маркетинг на Tinder, Мелиса Хобли.

Новата функција е достапна во САД и на другите големи пазари, а ќе биде претставена ширум светот во наредните месеци.

Некои помлади корисници, особено генерацијата Z, се уморни од апликациите за запознавање како Tinder и се среќаваат на други, „традиционални“ мрежи како Instagram.

Според податоците од неодамнешното истражување, употребата на овие апликации во целина стагнира. Тројца од 10 Американци ги користат, што е исто како и во 2019 година.

Извор: web-mind.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни