Тимот на Трамп одбегнува проверки од ФБИ

Транзицискиот тим на избраниот претседател Доналд Трамп ги избегнува традиционалните безбедносни проверки и ветингот вршени од Федералното биро за истраги (ФБИ) за биографиите и минатото на некои од неговите кандидати во новата администрација, и користи приватни компании за проверка, што се коси со вообичаените норми и протоколи, јави денеска Си-ен-ен.
 
Трамп и неговите сојузници веруваат дека системот на ФБИ е бавен и проблематичен со што би можеле да се попречат плановите на избраниот претседал за брза имплементација на неговата програма, изјавија лица информирани за плановите. Според познавачите, подеталните и подлабоки проверки можат да откријат засрамувачки информации што потоа можат да се искористат за нанесување политичка штета, а тимот на Трамп тоа не го сака.
 
Овие дискусии доаѓаат во момент кога Трамп предложи неколку контроверзни кандидати за високи позиции во владата на САД – вклучувајќи го Мат Гец за генерален обвинител и Тулси Габард за директор на националната разузнавачка служба, иако и двајцата или имаат мали или воопшто немаат искуство во областите правда и резузнавање. Гец се очекува да се соочи со Комитетот за етика во Сенатот, каде треба да биде потврдена неговата кандидатура, по извештаите дека во минатото бил вмешан во сексуална трговија и експлоатација на жени.
 
Иако претседателлт на САД има дискрециско право да избира кандидати и да открива детали од нивната биографија, заобиколувањето на проверките од ФБИ и нивно вршење од страна на приватни компании би значело кршење на долго воспоставената норма во Вашингтон, велат познавачите.
 
Трамп со ова искажува и длабока недоверба кон традиционалните безбедносните институции, кои за него се „длабока држава“. Извори за „Си-ен-ен“ велат дека тој во приватни разговори ја довел во прашање потребата од проверки од страна на безбедносните органи.
 
Ден Мејер, адвокат за национална безбедност во Вашингтон., изјави дека администрацијата на Трамп „не сака хармонија“.
-Тие не сакаат ФБИ да координира норми; тие сакаат да ги скршат тие норми,“ рече тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни