Тимот на Никола Ѓуретановиќ: Никола беше на ЛОИ бидејќи е најдобар пливач во Македонија, со соборени 26 национални рекорди

„Заслуживме критики и со нив се носиме достојно, бидејќи вистинската критиката ќе не однесе кон посакуваната цел и не бегаме од нападите на јавноста бидејќи јавноста мора секогаш да го бара најдоброто од нас, но и да го дава најдоброто од себе“ велат од тимот на пливачот Никола Ѓуретановиќ по серијата критики за настапот на 16-годишниот спортист на Летниот олимписки игри во Париз.

Тие додаваат дека силниот психолошки товар од самиот настап, очекувањата на јавноста, медиумскиот притисок и тремата ја наплатија цената и покрај одличната физичка форма, кикснале во Париз.

Дополнително, тие се осврнуваат на изјавите на професорката по пливање Наташа Мешковска, која во емисијата „Олимписки подиум“ запрашала зошто сме пратиле 16 годишен пливач на Олимписки Игри.

„Професорке, критикувавте зошто сме пратиле пливач на 16 години на ОИ без да знаете дека пливачот не го праќаме ние самоволно туку самата светска пливачка федерација согледува најдобар пливач со најмногу бодови на државно ниво и испраќа директна покана за учество со име и презиме на пливачот. Во вашиот коментар никаде не споменавте дека Никола е најдобар пливач во Македонија и како таков оди на олимписките игри. Оди по искуство кое многу ни значи, но првенствено оди целосно заслужено. Тоа требаше да го истакнувате, а не да го заборавате“ велат од тимот на Ѓуретановиќ.

Тие исто така додаваат дека Ѓуретановиќ испливал време кое би било Б норма во времето кое што професорката Мешковска фалеше дека македонските пливачи се пласирале на ОИ со Б норма, како Атланта 1996, Сиднеј 2000 и Атина 2004 и покрај тоа што во тоа време имало посериозен систем, финансии, федерација и подготовки.

„Никола е пливач на 16 години кој има соборено 26 национални рекорди во кадетска, младинска и сениорска конкуренција, пливач кој е меѓу 5 до 8 пливачи во Европа на своја возраст, пливач кој доправа ќе плива и ќе се докажува на европска и светска сцена, пливач за кој не ни се потребни сожалувања и лажни поддршки туку системска поддршка на процесот во кој само ние знаеме како се бориме и како го менаџираме. После сите овие случувања таа поддршка од сите вас ќе ја бараме и очекуваме уште посилно“ велат од тимот на Ѓуретановиќ.

Најново

Последни колумни