„Со големо почитување и взаемна наклонетост, Моника Белучи и Тим Бaртон одлучија да ја прекинат досегашната врска“, се вели во заедничката изјава на славниот пар.
Тим Бaртон и Моника Белучи се запознаа во октомври 2022 година на фестивалот Lumière во Лион, каде Белучи му ја додели Lumière наградата за животно дело.
Откако се запознале, започнале врска која довела до уметничка соработка на филмот Beetlejuice, продолжение на црната комедија на Тим Бaртон од 1988 година, кој премиерно беше прикажан на Венецијанскиот филмски фестивал 2024 година.
Во овој филм, Моника Белучи ја толкува улогата на Делорес, злото суштество налик на Франкенштајн, кое е решено да се одмазди на својот поранешен сопруг, Битлџус, кого го игра Мајкл Китон. Филмот стана хит во американските кино-сала, заработувајќи скоро 300 милиони долари на северноамериканските благајни.
Извор: N1info.rs