Фронтменот на Рамштајн, Тил Линдеман го тужи германскиот весник „Шпигел“ поради објавите на вести за обвинувањата за сексуално вознемирување, кое беше направено против него минатата година.
Спроед соопштението до јавноста кое е споделено од правниот застапник на пејачот, Шерц Бергман, музичарот поднел кривична пријава до јавното обвинителство во Хамбург против раководителот на германската информативна куќа „Шпигл“. Тужбата се однесува на известувањето на медиумот за таа приказна, за која која Линдеман и неговиот тим сметаат дека вклучува фалсификувани документи и обиди за измама.
Според тужбата „Шпигл“ во своите написи пренел две изјави дадени под заклетва во Регионалниот суд од 28 јуни 2023 година, од жени со име Зои и Софи В. Изјавата на Зои почнувала на претпоследната страница со реченица која не е продолжена на следната страница. Оваа страница содржела само потпис на сведоците, поради што тимот на Линдеман претпоставуваа дека одредени страници од изјавите под заклетва се отстранети или заменети.
Од тимот на Линдеман велат дека доколку двете изјави под заклетва не се дадени како што се доставени, тоа е работа која органите за кривично гонење мора да ја разјаснат и токму затоа тие тужат за фалсификување на документи и обид за измама.
Во мај 2023 година, обожавателка на групата објави на своите профили на социјалните мрежи обвинувања на сметка на пејачот и текстописец деак била дрогирана на забава пред настапот на бендот во Литванија. Авторката на обвинувањата појасни дека не била сексуално злоставувана, но тврди дека била дрогирана на забавата.
Линдеман и Рамштајн цврсто се држеа до ставот дека не бил направен никаов прекршок од нивна страна, а пејачот и неговиот издавач го отфрли обвинувањето, а берлинското јавно обвинителство започна истрага.
Правните претставници на Линдеман успеаја да добијат една тужба против „Шпигл“, па весникот мораше да повлекува текстови. До крајот на август 2023 година германските институции се откажаа од истрагата против Линдеман.
Извор: Н1