Тиквеш лансира нова лимитирана едиција “Бела” – премиум лозова ракија. Мајсторски изработена од внимателно избрано грозје и вино со 40% алкохол. Совршен аперитив кој ги буди сите сетила, идеално изладена на температура од -5 степени.
Ова е најновата вест којашто пристигна од најголемиот македонски вински бренд, кој традицијата и исклучителното богато искуство го преточи во нов производ, лимитираната едиција од ракијата „Бела“.
Овој нов прозивод во докажаното портфолио на Тиквеш, како што посочуваат од компанијата, може да се користи како аперитив, но и како состојка во коктел.
Официјалната промоција на „Бела“ се очекува наскоро кога ќе биде презентирана во модерно дизајнирано шише и пакување што го отсликуваат ново поглавје од посветеноста на најпозната компанија за алкохолни пијалоци Тиквеш.
ПР Објава