ТикТок започна со онлајн продажба: Има услов, не ќе може секој да купува

Во првиот чекор кон проширување на европскиот пазар, социјалната мрежа TikTok ја лансираше својата услуга за купување преку апликации во Шпанија и Ирска.

TikTok ја претстави TikTok Shop во Шпанија и Ирска, овозможувајќи им на корисниците да купуваат директно преку социјалната мрежа.

„Оваа услуга ќе им овозможи на корисниците можност да купуваат производи и да комуницираат со компаниите и креаторите во реално време“, се наведува во соопштението на компанијата, со додавање дека опцијата за продажба на производи е достапна само за компании со седиште во Шпанија и Ирска.

Функцијата за купување преку апликација официјално започна во вторник во Шпанија, со производи кои се претставени во дигиталните продавници, вклучително и електрични фритези и здравствени додатоци, по цени кои се движат од 3 евра (3,16 долари) до 60 евра, според списокот што TikTok го сподели со креаторите и прегледана од агенцијата Блумберг.

Според компанијата, TikTok во Шпанија го користат 20 милиони луѓе месечно.

TikTok тврди дека работи со доверливи платформи за плаќање од трети страни за да овозможи безбедни трансакции.

Се очекува социјалната мрежа да ги воведе своите шопинг услуги во Франција, Германија и Италија.

Услугата се покажа како еден од најбрзо растечките сектори на кинескиот сопственик на TikTok, ByteDance Ltd, а проширувањето на европскиот пазар се смета за обид да се најдат алтернативни пазари откако на компанијата и се заканува забрана од САД, освен ако кинеската ByteDance го продава својот удел во социјалната мрежа, пренесува Euronuz business.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни