TikTok се врати по ветувањата на Трамп

Вчера, апликацијата престана да работи за американските корисници. Забраната беше предизвикана од загриженоста дека кинеските функционери можат да имаат пристап до нивните податоци. TikTok вчера вечер објави дека е во процес на „враќање на услугата”, само неколку часа откако ја прекина достапноста за корисниците во САД


TikTok објави дека ја врати услугата за 170 милиони корисници во САД по изјавата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека ќе ја одложи забраната на апликацијата утре кога ќе ја преземе должноста.

Вчера, апликацијата престана да работи за американските корисници. Забраната беше предизвикана од загриженоста дека кинеските функционери можат да имаат пристап до нивните податоци. TikTok вчера вечер објави дека е во процес на „враќање на услугата”, само неколку часа откако ја прекина достапноста за корисниците во САД.

Тие му се заблагодарија на новоизбраниот претседател за „пружената потребна јасност и гаранции” и рекоа дека ќе работат со Трамп „на долгогодишно решение што ќе го задржи TikTok во САД”.

Да потсетиме, Трамп вчера изјави дека на првиот ден на функцијата, ќе потпише извршна наредба што ќе овозможи TikTok да продолжи привремено да работи во САД, истовремено сугерирајќи дека американската влада може да преземе делумно сопствеништво над оваа социјална мрежа.

Трамп во објава на Truth Social, неговата сопствена социјална мрежа, изјави дека „нема да дозволи TikTok да остане во темнина” откако ќе ја преземе функцијата на претседател. TikTok, во сопственост на кинеската компанија ByteDance, вчера дури и пред да влезе во сила законот за негово забранување, престана да работи за своите 170 милиони американски корисници.

Продолжувањето на работата на апликацијата беше оневозможено поради стравувањата дека кинеските функционери можат да ги злоупотребат американски податоци и информации. Корисниците добиваат порака за предупредување во која пишува дека услугите на TikTok се „привремено недостапни”.

Американскиот Врховен суд пред два дена потврди закон според кој ByteDance, сопственикот на TikTok, мора да ја продаде популарната апликација што ја користат скоро половина од Американците или ќе биде забранета во земјата поради загриженоста за националната безбедност.

Што вели Трамп?
„Во понеделник ќе потпишам извршна наредба со која ќе ја одложиме законот за забрана за да можеме да постигнеме договор за заштита на нашата национална безбедност. Со наредбата исто така ќе потврдиме дека нема да има одговорност за која било компанија која му помогнала на TikTok да се исклучи пред мојата наредба”, напиша Трамп во објавата.

Трамп сугерираше дека САД може да преземе „50% од сопственичката позиција” во TikTok како дел од заедничко вложување, сугерирајќи дека тоа може да значи соработка со матичната компанија ByteDance.

„Правејќи го ова, го спасуваме TikTok, го држиме во добри раце и му дозволуваме да зборува. Без одобрување на САД, нема TikTok. Нашето одобрување, вреди стотици милијарди долари – можеби билиони (милијарди илјади, н.з.)”, напиша Трамп, кој претходно изјави дека размислува за одложување на забраната за TikTok за три месеци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни