TikTok под нова истрага: Француската влада бара реакција поради содржини кои поттикнуваат опасно изложување на сонце

Француската влада се обрати до Агенцијата за регулирање на аудиовизуелни и дигитални комуникации (Арком) поради тренд на TikTok што поттикнува опасно изложување на сончеви зраци.

Сè поголем број видеа на TikTok прикажуваат девојки кои даваат совети како да се добијат „линиите од изгореници“, најчесто преку прекумерно изложување на сонце, пренесува бриселскиот портал Politico.

„Овие видови содржини, кои сè повеќе се шират, поттикнуваат опасно однесување што може сериозно да го загрози здравјето на корисниците“, напишаа министерот за здравство Јаник Недер и министерката за дигитални технологии Клара Шапаз во писмо до Арком во петокот.

Тие повикаа Арком да обезбеди дека социјалните мрежи ги исполнуваат своите обврски според Законот за дигитални услуги.

Тоа ги вклучува:

  • заштита на малолетници,
  • проценка и ублажување на таканаречените системски ризици,
  • транспарентност во врска со работата на алгоритмите.

Париз го повика регулаторот да „состаи досие што ќе го испрати до надлежниот координатор и, доколку е потребно, да соработува со службите на Европската комисија во рамки на можна истрага“.

Ова не е првпат владата да интервенира

Во април годинава, министерката Клара Шапаз го критикуваше TikTok поради трендот наречен SkinnyTok – алгоритамски поттикната содржина што промовира екстремна слабост и потенцијално штетни навики во исхраната.

Европската комисија во меѓувреме го засили надзорот врз оваа платформа, која е под истрага поради можни прекршувања на Законот за дигитални услуги.

Извор: Euronews

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни