ТикТок останува без најголемите хитови: Universal ја повлекува својата музика од социјалната мрежа

Universal го обвини ТикТок дека не плаќа „дел“ од цената што другите сајтови ја плаќаат за пристап до неговиот огромен каталог. Тие вообичаено заработуваат авторски права кога нивните песни се пуштаат на стриминг и социјалните мрежи и тврдат дека Тик Ток „се обидува да изгради бизнис базиран на музика без да плаќа фер вредност за музиката“.

Иако TikTok, кој е во сопственост на кинеската компанија BiteDance, има повеќе од милијарда корисници, тој има само 1 процент од вкупниот приход на Universal, издавачката куќа која контролира околу една третина од светската музика.

Според Universal, тие се залагаат за фер цена со Tik Tok бидејќи „соодветната компензација за уметниците и текстописците“ е само фер и додаваат дека се загрижени за заштита на уметниците од штетните ефекти на вештачката интелигенција и безбедноста на интернет за корисниците на TikTok.

На ваквите коментари и одлуката на музичкиот гигант моментално реагираше најголемата социјална мрежа.

„Тажно е и разочарувачки што Universal Music Group ја стави сопствената алчност над интересите на своите уметници и текстописци.“ И покрај лажната реторика на Universal, факт е дека тие одлучија да ја напуштат моќната поддршка на платформата со повеќе од милијарда корисници што служи како бесплатно средство за промоција и откривање на нивниот талент“, се вели во одговорот на Тик Ток.

Ова е првпат Universal да направи голем чекор во отстранувањето на нивните песни од платформата на технолошката фирма, а нивното портфолио вклучува имиња како Битлси, Ролинг Стоунс, Оливија Родриго, Тејлор Свифт и други…

Инаку, во јули минатата година, Warner Music, која е трета по големина музичка компанија во светот, и Tik Tok потпишаа нов договор за лиценцирање.

Извор: blic.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни