Тик-Ток има наци проблем

Неонацисти и фашисти споделуваат пропаганда за Хитлер обидувајќи се да регрутираат нови членови на Тик-Ток, велат од  Институтот за стратешки дијалог за Wired.

Алгоритмот на Тик-Ток исто така ги промовира овие содржини на нови корисници, откриле истражувачите со што екстремистичките заедници добиваат се поголема популарност кај младата популација на Тик-Ток и можност да ги споделат своите пораки.

Извештајот објаснува ккоа стотици екстремистички Тик-Ток профили отворано објавуваат видеа кои го отфрлаат Холокаустот и ги глорифицираат Хитлер и Нацистичка Германија, сугерирајќи дека нацистичката идеологија е решение за модерните проблеми, како наводната инвазија на западните земји. Овие профили исто така даваат поддршка на расисти и масовни убијци, споделувајќи видеа од такви напади. Многу од профилите коирстат нацистички симболи во своите профили или расистички кодови во нивните кориснички имиња.

Нејтан Доктор, истражувач од Инстутотот за стратешки дијалог, кој е автор на истражувањето, вели дека започнал да истражува оваа година кога налетал на еден неонацистички профил додека пребарувал работи за друг проект. Тој брзо открил дека постои многу поширока мрежа на профили кои се активни и си помагаат едни на други со лајкнување, споделување и коментирање, со цел да ја зголемат нивната видливост.

Групите кои промовираат неонацистички наративи обично се собираат на други платформи, како Телеграм, но Телеграм стана местото каде што се дискутираат плановите за регрутација на нови членови на Тик-Ток. Расистичките групи таму споделуваат видеа, слики и аудио кои членовите може да ги користат на Тик-Ток.

„Објавивме на нашиот нов Тик-Ток профил со 0 следачи, но имавме повеќе гледаност отколку на било која друга социјална мрежа“ вели еден член на неонацистичка група на Телеграм за нивната видливост на Тик-Ток.

Другите потоа го следеле овиј пример и го користеле алгоритмот на Тик-Ток  за да стигнат до поголем број корисници.

Фото: Solen Feyissa/Flickr

Екстремистички канал на Телеграм со над 12 илјади следбеници побарал од нив да ја промовираат неонацистичката документарка „Europa: The Last Battle“ со објавување на видеа со реакции на ТИк-Ток за филмот да стане вирален. Истражувачите откриле десетици видеа со исечоци од овој филм, а некои од нив имале и над 100 илјади прегледи.

„Еден профил кој споделува такви исечоци има речиси 900 илјади прегледи на нивните видеа. Во исечоците има дека фамилијата Ротшилд ги контролира медиумите и ги бира претседателите, како и други погрешни и антисемитистички тврдења“ велат истражувачите.

Ова не е прв пат алгоритмот на Тик-Ток да промовира екстремистички содржини. Global Network on Extremism and Technology исто така објавија дека алгоритмот на оваа социјална мрежа промовира фашистичка идеологија и евроцентрични супремациски наративи во Југоисточна Азија.

Од Тик-Ток велат дека имаат над 40 илјади професионалци кои работат на модерирање низ светот и дека многу од профилите кои ги идентификувале дека промовираат таква содржина се избришани.

Сепак, истражувачите кои ги откриле овие мрежи велат дека проблемот е глобален и дека ваквите профили не се базирани само во САД, бидејќи објавуваат содржини на англиски, француски, унгарски, германски и руски, а биле изненадени што постојат и групи на мексикански нацисти.

Тие не пронашле докази дека меѓународните групи се координирани меѓу себе, но било забележано дека се свесни едни за други и дека ги лајкнуваат и споделуваат истите содржини.

Извор: Wired

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни