Тифусот станува отпорен на сите антибиотици, предупредуваат научници

Научниците анализирале 3.489 геномски примероци собрани од 2014 до 2019 година во Непал, Бангладеш, Пакистан и Индија, и откриле драматичен пораст на т.н. екстензивно отпорни соеви (XDR), кои не реагираат ниту на старите ниту на новите антибиотици – вклучувајќи флуорохинолони и трета генерација на цефалоспорини.

Иако тифусната треска звучи како болест од минатото, таа сè уште е сериозна закана и станува сè поопасна. Истражување објавено во The Lancet Microbe покажува дека бактеријата Salmonella Typhi – причинителот на тифус – брзо развива отпорност на речиси сите познати антибиотици.

Научниците анализирале 3.489 геномски примероци собрани од 2014 до 2019 година во Непал, Бангладеш, Пакистан и Индија, и откриле драматичен пораст на т.н. екстензивно отпорни соеви (XDR), кои не реагираат ниту на старите ниту на новите антибиотици – вклучувајќи флуорохинолони и трета генерација на цефалоспорини.

Особено загрижувачка е брзината со која овие отпорни соеви се шират. Освен во Јужна Азија, тие се појавиле и во Југоисточна Азија, Источна и Јужна Африка, па дури и во Велика Британија, САД и Канада.

Од 2016 година, кога првиот XDR случај бил евидентиран во Пакистан, тој сој станал доминантен таму. Денес, азитромицинот е последниот преостанат орален антибиотик што делува, но и за него се појавуваат мутации кои укажуваат на можност за отпорност.

Ако овие мутации се комбинираат со постојните XDR соеви, светот би можел да остане без ефективна орална терапија за тифус.

Без третман, тифусот може да биде смртоносен во 20% од случаите, а годишно се евидентираат околу 11 милиони заразени.

Решението, барем делумно, е во вакцинацијата. Пакистан веќе воведе редовна вакцинација против тифус – чекор кој научниците го сметаат за пример што треба да го следат и други земји.

„Отпорноста на антибиотици е водечка причина за смрт во светот, дури поопасна од ХИВ и маларија. Вакцината е едно од најсилните оружја против вакви закани“, велат авторите на студијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни