Употреба на Threads, одговорот на Meta на Twitter, продолжува да опаѓа по силниот почеток во првите недели по лансирањето.
Користењето на оваа социјална мрежа опаднало за 79 отсто, од максимумот од 2,3 милиони активни корисници на почетокот на јули на 576.000 на 7 август, според Similarweb, платформа за дигитална интелигенција. Покрај корисниците кои ја напуштаат платформата, големите американски компании како синџирот за брза храна Wendy’s, продавницата за облека Anthropologie и линијата за шминка Rare Beauty ги намалија своите објави на Threads, пишува Adweek.
Во првите неколку часа од неговото лансирање на 5 јули, Threads собра импресивни 5 милиони регистрации на корисници и за помалку од една недела, најмалку 100 милиони луѓе се регистрираа, што ја прави апликацијата со најбрзо преземање.
Почетната возбуда стивна
Но, првичната возбуда се чини дека постепено избледе. Во својот најпрометен ден, Threads имаше помалку од половина од бројот на корисници на Twitter, според Similarweb. Twitter има во просек повеќе од 100 милиони активни корисници дневно. Threads требаше да го искористи хаосот на Twitter по преземањето од страна на Илон Маск и да ја симна апликацијата од тронот како најистакната социјална мрежа за текст.
Откако го презеде Twitter во октомври 2022 година, Маск го отпушти поголемиот дел од персоналот на апликацијата и изврши низа контроверзни промени во политиката кои доведоа до пад на приходите од рекламирање. Долгогодишните корисници се жалеа на чести падови, зголемен говор на омраза и токсичен говор на платформата.
Во меѓувреме Закерберк и Маск јавно се расправаа, а летово размислуваа и за тепачка во кафез. Во неделата, Закерберг рече дека е време да се откаже од идејата бидејќи Маск не изгледа сериозен во врска со тоа.
Извор: Index.hr