Thinker POS го донесе Ecash во Македонија: модерна ПОС револуција за угостителството

По успехот во Холандија и Германија, македонскиот стартап го лансира Ecash дома – со нови работни места, дигитална трансформација и идни решенија како AI виртуелен келнер.

Македонскиот ПОС стартап Thinker POS, веќе присутен на развиени европски пазари како Холандија и Германија, официјално го лансира својот современ систем Ecash на домашниот пазар. Со тоа, компанијата отвора можности за технолошка модернизација во угостителството и создава нови работни позиции во ИТ и техничкиот сектор.

Thinker POS е македонски ИТ стартап специјализиран за ПОС-решенија за ресторанската и барската индустрија. Нивниот главен производ, Ecash, претставува интуитивен и брз систем што им овозможува на рестораните, кафулињата, баровите и угостителските објекти со повеќе локации ефикасно да ги управуваат нарачките, сметките, залихите и наплатата.

„Нашата основна филозофија е да го модернизираме угостителството и да донесеме напредни ИТ решенија дома,“ вели извршниот директор Виктор Николовски. „Со Thinker POS им овозможуваме на угостителите полесна контрола, поголема ефикасност и подобри деловни одлуки.“

Ecash веќе функционира на поголеми пазари, вклучително и во Холандија и Германија, каде растот на стартапот го потврди неговиот квалитет и стабилност. Компанијата одлучи да го пренесе системот и во Македонија, како природен чекор кон понатамошен развој и поддршка на локалната економија. Со влезот на домашниот пазар, Thinker POS отвора нови работни места, создава простор за професионален раст и гради локална технолошка заедница.

Следната фаза во развојот на производот е Ecash AI Waiter – виртуелен интелигентен асистент интегриран во дигитално мени. Овој асистент ќе ги претставува објектите, ќе препорачува производи според навиките на гостите и ќе ја поттикнува интеракцијата на посетителите со дигиталните канали на локалот. Визијата на компанијата е јасна: иднината на угостителството е без хартиени сметки, без физички картички за лојалност и без класични печатени менија – но со задржан уникатен дух на секој локал.

Мотото „Makes it easy“ го дефинира пристапот на Thinker POS: систем што е едноставен за употреба, адаптивен и поддржан од тим кој 24/7 им помага на клиентите. Компанијата не се позиционира само како провајдер на софтвер, туку како партнер кој стои зад секој угостител – од мали локали до ресторани со повеќе сали.

Во своето соопштение, тимот на Thinker POS упатува и отворена покана: сите заинтересирани можат да ја посетат нивната канцеларија, да разговараат со тимот, да дознаат повеќе за Ecash или да договорот интервју.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни