„The Witcher“ четврта сезона: Лијам Хемсворт е шармантен колку бетонски столб со перика

Серијата „The Witcher“ се враќа со четврта сезона, но без своето најсилно оружје Хенри Кавил, актерот кој со својата харизма и присуство ја носеше оваа фантастична приказна три сезони по ред.

Неговото место како Гералт од Ривија сега го презема Лијам Хемсворт, помладиот брат на Крис Хемсворт и поранешен актер во „Neighbours“. Резултатот? Според критичарите, најблаго речено разочарување.

Од првата епизода јасно е дека Хемсворт не може да ја достигне тежината на Кавиловиот настап. Новиот Гералт најчесто гледа во празно, шмрка и фрла долги, збунети погледи во далечината, како да се плаши дека секој момент може да се појави некој лик од австралиска сапуница.

Кавил беше камен-темелникот на оваа хаотична, но визуелно впечатлива серија неговата тивка сила и потценета топлина му даваа човечност на ликот. Хемсворт, пак, изгледа како да носи тежок товар што не може да го поднесе, а неговиот изговор лута од средновековна Европа до Мелбурн.

Заплетот продолжува таму каде што застана Гералт тргнува во потрага по својата посвоена ќерка Цири (Фреја Алан), додека Јенефер (Ања Чалотра) патува низ портали барајќи ја на свој начин. Најголемиот дел од заплетот повторно се сведува на мрачни коридори, комплицирана геополитика и борби покриени со кал и црева.

И покрај високите залози, емоционалната тежина недостига. Гералт, Цири и Јенефер се движат низ приказната со минимална хемија, како три планети во различни орбити. Единствено олеснување доаѓа од Јаскиер (Џои Бејти), чиј сарказам и песни барем потсетуваат на старите денови на серијата.

Најголемиот предизвик, секако, е замената на актерот во центарот на приказната. Гералт веќего нема оној контраст на грубост и човечност што го направи Кавил незаменлив. Неговиот настап, со грчење на лицето и тешко разбирливи извици („гррннгх… дестини… ррммф“), повеќе предизвикува збунетост отколку восхит.

Сценариото се обидува да го прикрие тоа со повеќе акција и ефекти, но секоја сцена со новиот Гералт потсетува колку недостига харизмата на стариот.

Иако визуелно „The Witcher“ останува спектакуларен со раскошна сценографија, борби и магија сржта на серијата е ослабена. Без Кавил, приказната ја губи својата тежина и херојството се претвора во празна поза.

Лијам Хемсворт можеби ќе се пронајде во улогата со време, но засега изгледа како вештер без душа, а не како јунак оптоварен со судбина.

Извор: The Guardian

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни