„The Tale of Silyan“ триумфира во Лос Анџелес: Две големи награди на IDA Documentary Awards

Ја посветувам оваа награда на сите независни документарни автори кои се борат со незамисливи пречки за да создадат филм. Продолжете да се борите – ние навистина правиме промена!

На престижните International Documentary Awards (IDA) во Лос Анџелес, документарецот „The Tale of Silyan“ оствари историски успех, освојувајќи две од најважните награди – Најдобар документарен филм (Best Documentary) и Најдобра камера (Best Cinematography).

Филмот на режисерката Тамара Котевска, која светската публика ја запозна преку Honeyland, повторно го сврте вниманието на документарниот свет кон Македонија. Победата доаѓа точно шест години по успехот на Honeyland, кој во 2019 година освои награда за најдобра камера и Pare Lorentz Award на истиот фестивал.

„Ова е мојот најважен филм“

Котевска во емотивна објава на ФБ по добиените награди напиша:

„Да се вратам по шест години во ЛА, на IDA, со нов филм и да ја добијам главната награда за најдобар документарец – е нешто што е над зборови! Ова е мојот омилен документарен настан и мојот најважен филм досега.“

Таа ѝ честиташе на целата екипа, а особено на Жан Дакар, кој ја доби наградата за најдобра камера:

„Ја посветувам оваа награда на сите независни документарни автори кои се борат со незамисливи пречки за да создадат филм. Продолжете да се борите – ние навистина правиме промена!“

Приказна од Македонија што ги освојува светските журија

„The Tale of Silyan“, продукција на National Geographic, ја следи вистинската приказна за македонскиот фармер Никола, кој спасува повредена бела штрка. Камерата на Жан Дакар ги доловува величествените сцени на штрките во лет, нивните гнезда на кровови и оџаци, како и односот меѓу Никола и спасената птица.

Оваа победа драматично ги зголемува шансите на филмот за Оскар, бидејќи IDA наградите традиционално се силен индикатор за академско признание.

Филмот победи во категоријата над номинираните: Apocalypse in the Tropics, Life After, Seeds и Songs of Slow Burning Earth

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни