Тhe Regime-Нова серија со Кејт Винслет во главната улога

Во официјалниот трејлер за новата серија „Тhe Regime“ која премиерно ќе биде прикажана на HBO на 3 март, Кејт Винслет ја има улогата на англиска канцеларка чија политичка моќ полека се губи и таа почнува да ја открива осаменоста на врвот.

Напишана од водителот Вил Трејси, серијата од шест епизоди ја раскажува приказната за случувањата во ѕидовите на палатата на модерниот европски режим.

Улогата на Винслет, која се бори со параноја поради нејзиното политичко позиционирање, во серијата се доверува на човек на кого му е одземен личениот идентитет.
Во еден момент во трејлерот, таа вели: „Ти си тука затоа што си никој. Ти не си никој. А тоа значи дека можам да ти верувам“.

Во режија на Стивен Фрирс и Џесика Хобс, серијата содржи и ѕвездена актерска екипа, вклучувајќи ги Гијом Галиен, Андреа Рајзборо, Марта Плимптон и Хју Грант. Во трејлерот, Винслет ја позиционира Шоенаертс како канал за нејзиниот гнев и фрустрација, обезбедувајќи интригантна динамика во наративот.

Серијата „Тhe Regime“, е најновата серија на Винслет на HBO по нејзината улога во познатата криминална драма серија ,,Mare of Easttown’’ во 2021 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни