„The Names We Leave Behind“ – Прв роман на Едмонд Адеми, инспириран од Мадрид и заборавените гласови на историјата

Поранешниот министер и дипломат, Едмонд Адеми, влегува во светот на книжевноста со својот прв роман на англиски јазик, „The Names We Leave Behind“. Двојно ново поглавје – за авторот и за читателите. Романот е историска фикција сместена во времето на Шпанската граѓанска војна и претставува омаж на малите, но значајни чинови на отпор.

Приказната почнува со жена што се враќа во земја што ја обележала, под лажно име. Нејзиниот пат нè води низ Мадрид и Нерха – градови што стануваат неми сведоци на судбини на обични луѓе во невообичаено време. Се среќаваме со писател што пишува наместо да се бори, актерка и фламенко танчерка што живее за страста и вистински ликови од историјата како Федерико Гарсија Лорка и Ернест Хемингвеј.

Во книгата не се слават големи победи, туку се оддава чест на човечноста – на тие мали, секојдневни избори со кои луѓето ја зачувуваат душата. Иако фиктивен, романот се потпира на автентични локации и историски атмосфери, раскажани со внимание и сенсибилитет.

Книгата е достапна преку Amazon и е топла препорака за сите што сакаат историска проза со современ пристап.

Со ова дело, Адеми најавува нова креативна фаза во својата кариера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни