Search

„The Mother“ со Џенифер Лопез на листите на најпопуларните филмови на Нетфликс

Еден месец по премиерата, филмот „The Mother“ во кој главната улога ја игра Џенифер Лопез се најде на листите најпопуларни филмови на сите времиња на Нетфликс. Со 230 милиони прегледи, за неколку часа, „The Mother“ се вброи во топ 10 најпопуларни филмови на оваа стрим платформа.

Покрај тоа што филмското остварување за рекордно кусо време се прослави како еден од најгледаните, а воедно и осми на листите на Нетфликс, овој акционен филм остави дополнителни 16,48 милиони часови гледаност во периодот од 28 мај до четврти јуни.

Филмот, на оваа листа, е во друштво на „Red notice“, „Don’t look up“, „Bird Box“, „Glass Onion: A Knives out Mistery“, „The Gray Man“, „The Adam Project“, „Extraction“, „Purple Hearts“ i „The Unforgivable“.

Во филмот Лопез е прикажана како главна хероина во специјална единица, која излегува од бункер и оди да ја заштити ќерка си од одмаздничкиот криминалец.

Премиертата на филмот се одржа на 12 мај, а зад режијата се потпишува Ники Каро.

Извор: klix.ba

Најново

Последни колумни