Три легендарни имиња од светската музичка сцена ќе настапат на новиот Phill Good Festival во Пловдив во Бугарија, кој ќе се одржи од 17 до 19 јули 2026 година.
Организаторите најавуваат дека целосниот лајнап ќе биде наскоро објавен, а билетите ќе бидат пуштени во продажба на 20 октомври, по почетна цена од 122 евра.

Phill Good Festival е нов фестивал на балканот – приказна создадена за сите љубители на музика, уметност и добра енергија.
Настанот има за цел да спои различни култури, генерации и звуци – од светски познати бендови до нови артисти што ја дефинираат иднината на музиката.